декември 31, 2025

Настан за доделување на јубилејни признанија во крводарителството

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош на 24 декември 2025 година во службените простории организираше настан за доделување на благодарници за постигнати резултати во крводарувањето за 2024 година.

На настанот беа поделени 2 плакети за остварени 75 крводарувања на г-дин Дејан Димов и г-дин Љубиша Мисајловски и 3 плакети за 50 крводарувања на г-дин Драган Трајановски, г-ѓа Даниела Василевска и г-дин Стојанче Масевски.

За придонес во мотивацијата на населението и организација на крводарителските акиции беа поделени благодарници на г-ѓа Мирјана Богданоска – професор во СУГС „Орце Николов“ и волонтерката Калина Величковска од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош.

< врати се назад