декември 30, 2025

МОЗАИК од пластични капачиња

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош на ден 20 декември 2025 година од 19 до 21 часот организираше и спроведе еколошка работилница за изработка на креативен мозаик од пластични капачиња од употребени пластични шишиња. Во работилницата учество земаа 12 волонтери од Клубот на млади.

Зелен волонтеризам е младинска национална програма чија главна улога е подигнување на свеста кај младата популација за зачувување на животната средина, последиците по здравјето предизвикани од зголемената акумулација на отпад, загадувањето на водата, почвата и воздухот, глобалните климатски промени

< врати се назад