мај 28, 2025

Младите од СУГС „Здравко Цветковски“ во акција

Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во периодот јануари – мај 2025 година активно се вклучува во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која од целата земја околу 1200 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработуваат мали проекти за придонес за добробит во заедницата. Преку програмата, во ЦКРСМ – ОО Карпош се опфатени 38 ученици на македонски јазик и 28 ученици на албански јазик од 4 средни и 3 основни училишта. Младинците се групирани во 8 групи кои започнаа да реализираат 8 проекти.

Проект за подобрување на социјализацијата на деца и малди со попреченост и потешкотии во учењето

Овој проект го реализираат 6 ученици од прва година од СУГС „Здравко Цветковски“. Во рамки на проектот, на 10 мај 2025 година младинците реализираа собирна хуманитарна акција во Зоолошката градина – Скопје со користење на брендиран велоштанд и делење на рачни изработки.Резиме на проектот:

  • реализирани 6 состаноци на Тимот на проектот
  • реализирани 2 хуманитарни акции во училиштето
  • реализирани 3 собирни акции во Градскиот парк и маркетот „Веро“ – Тафталиџе
  • собрани околу 40.000,00 денари
  • реализирани 2 активности за запознавање и дружење со целната група
  • планирани идни активности: набавка и доставување на потребните материјали за поддршка на целната група
< врати се назад