октомври 30, 2026

Младите од СУГС „Орце Николов“ даруваа крв

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, на 22.10.2026г. реализираше крводарителска акција во СУГС „Орце Николов“.

Акцијата помина во духот на хуманоста и солидарноста, при што 76 ученици и вработени ја покажаа својата општествена одговорност и ја посетија акцијата, а од нив 40 успешно даруваа крв.

На акцијата и претходеа 4 врснички едукации наменети за 109 ученици од III и од IV година за време на кои присутните се информираа за основните познавања од областа на крводарителството и процесот за дарување на крв.

Благодарност до сите крводарители, како и до училиштето за поддршката и соработката во реализацијата на оваа значајна активност.

Бесценети се оние нешта кои не можат да се купат а нивното дарување значи живот!

< врати се назад