мај 28, 2025

Младите од СУГС „Никола Карев“ во акција

Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во периодот јануари – мај 2025 година активно се вклучува во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која од целата земја околу 1200 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработуваат мали проекти за придонес за добробит во заедницата. Преку програмата, во ЦКРСМ – ОО Карпош се опфатени 38 ученици на македонски јазик и 28 ученици на албански јазик од 4 средни и 3 основни училишта. Младинците се групирани во 8 групи кои започнаа да реализираат 8 проекти.

Проект за обезбедување на електрични апарати за едно семејство со опожарен дом

Овој проект го реализираат 5 ученици од втора година од СУГС „Никола Карев“. Во рамки на проектот, на 10 мај 2025 година младинците реализираа собирна хуманитарна акција во Зоолошката градина – Скопје со користење на брендиран велоштанд и делење на рачни изработки.

Резиме на проектот:

  • реализирани 8 состаноци на Тимот на проектот
  • реализирани 6 собирни акции во Градскиот парк и маркетот „Веро“ – Тафталиџе
  • собрани над 70.000,00 денари
  • посетено е семејството и утврдена е потребата
  • останати планирани активности: набавка и доставување на потребната помош за семејството
< врати се назад