
април 25, 2025
Младите од СУГС „Кочо Рацин“ во акција
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во периодот јануари – мај 2025 година активно се вклучува во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која од целата земја околу 1200 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработуваат мали проекти за придонес за добробит во заедницата. Преку програмата, во ЦКРСМ – ОО Карпош се опфатени 38 ученици на македонски јазик и 28 ученици на албански јазик од 4 средни и 3 основни училишта. Младинците се групирани во 8 групи кои започнаа да реализираат 8 проекти.
Во продолжение го претставуваме проектот на учениците од СУГС „Кочо Рацин“:
- Проект за подобрување на условите за престој на деца без родители
- вклучени 7 младинци од прва и втора година
- реализирани 4 состаноци на Тимот на проектот
- спроведено истражување на потребите
- реализирана работилница за изработка на рачни изработки
- реализирана хуманитарна собирна акција со рачни изработки во маркет ВЕРО, училиштето и локалниот парк
- собрани 6.000,00 денари
- планирани идни активности: собирна акција во маркет

