
април 25, 2025
Младите од ООУ „Вера Циривири Трена“ во хумана мисија
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во периодот јануари – мај 2025 година активно се вклучува во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која од целата земја околу 1200 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработуваат мали проекти за придонес за добробит во заедницата. Преку програмата, во ЦКРСМ – ОО Карпош се опфатени 38 ученици на македонски јазик и 28 ученици на албански јазик од 4 средни и 3 основни училишта. Младинците се групирани во 8 групи кои започнаа да реализираат 8 проекти.
Во продолжение го претставуваме проектот на учениците од ООУ „Вера Циривири Трена“:
- Проект за обезбедување на инхалатори за Детска болница
- вклучени 6 младинци од осмо и деветто одделение
- реализирани 5 состаноци на Тимот на проектот
- спроведено истражување на потребите
- реализирана работилница за изработка на рачни изработки