
Младите од ООУ „Вера Циривири Трена“ во акција
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во периодот јануари – мај 2025 година активно се вклучува во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која од целата земја околу 1200 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработуваат мали проекти за придонес за добробит во заедницата. Преку програмата, во ЦКРСМ – ОО Карпош се опфатени 38 ученици на македонски јазик и 28 ученици на албански јазик од 4 средни и 3 основни училишта. Младинците се групирани во 8 групи кои започнаа да реализираат 8 проекти.
Во продолжение го прикажуваме Проектот за обезбедување на инхалатори за Детска болница. Овој проект го реализираат 6 ученици од ООУ „Вера Циривири Трена“. Во рамки на проектот, на 10 мај 2025 година младинците реализираа собирна хуманитарна акција во Градски парк – Скопје.
- реализирани 6 состаноци на Тимот на проектот
- спроведено истражување на потребите
- реализирани 2 работилници за изработка на рачни изработки
- реализирана собирна хуманитарна акција во Градски парк
- собрани над 8.000,00 денари
- планирани идни активности: набавка и доставување на потребните материјали
