мај 28, 2025

Младите од ООУ„Петар Поп Арсов“ во акција

Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во периодот јануари – мај 2025 година активно се вклучува во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која од целата земја околу 1200 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработуваат мали проекти за придонес за добробит во заедницата. Преку програмата, во ЦКРСМ – ОО Карпош се опфатени 38 ученици на македонски јазик и 28 ученици на албански јазик од 4 средни и 3 основни училишта. Младинците се групирани во 8 групи кои започнаа да реализираат 8 проекти.

Во продолжение го претставуваме Проектот за подобрување на условите за рекреација на старите лица – корисници во Домот за стари лица. Овој проект го реализираат 7 ученици од 9 одделение од ООУ „Петар Поп Арсов“. Во рамки на проектот, на 11 мај 2025 година младинците реализираа собирна хуманитарна акција во Зоолошката градина – Скопје со користење на брендиран велоштанд и делење на рачни изработки.

  • реализирани 6 состаноци на Тимот на проектот
  • реализирани хуманитарни акции во училиштето и на фреквентни локации низ градот
  • собрани над 35.000,00 денари
  • посетен е Домот за стари лица и утврдена е потребата на корисниците
  • останати планирани активности: средба со домашни миленици, набавка и доставување на потребните материјали за Домот за стари лица
< врати се назад