мај 28, 2025

Младите од ООУ „Бедри Таири“ во акција

Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во периодот јануари – мај 2025 година активно се вклучува во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која од целата земја околу 1200 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработуваат мали проекти за придонес за добробит во заедницата. Преку програмата, во ЦКРСМ – ОО Карпош се опфатени 38 ученици на македонски јазик и 28 ученици на албански јазик од 4 средни и 3 основни училишта. Младинците се групирани во 8 групи кои започнаа да реализираат 8 проекти.

  • Проект за промоција на соживот меѓу младите од различни етнички припадности.
  • вклучени 8 младинци од осмо и деветто одделение
  • реалзиирани 4 состаноци на Тимот на проектот
  • спроведено истражување на потребите
  • организиран спортски турнир во одбојка помеѓу ученици од македонска и албанска етничка припадност (ООУ „Бедри Таири“ и ООУ „Мирче Ацев“)
< врати се назад