
април 7, 2025
МЛАДИ ВО АКЦИЈА
Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош во периодот јануари – мај 2025 година активно се вклучува во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која од целата земја околу 1200 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработуваат мали проекти за придонес за добробит во заедницата. Преку програмата, во ЦКРСМ – ОО Карпош се опфатени 38 ученици на македонски јазик и 28 ученици на албански јазик од 4 средни и 3 основни училишта. Младинците се групирани во 8 групи кои започнаа да реализираат 8 проекти.
Во продолжение го претставуваме проектот на учениците од СУГС „Никола Карев“:
- Проект за обезбедување на електрични апарати за едно семејство со опожарен дом
- вклучени 5 младинци од втора година
- реализирани 5 состаноци на Тимот на проектот
- реализирани 4 собирни акции во Градскиот парк и маркетот „Веро“ – Тафталиџе
- собрани околу 30.000,00 денари
- посетено е семејството и утврдена е потребата
- планирани идни активности: хуманитарен спортски турнир, собирни акции на фреквентни јавни локации
