
април 7, 2025
МЛАДИ ВО АКЦИЈА
Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош во периодот јануари – мај 2025 година активно се вклучува во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која од целата земја околу 1200 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработуваат мали проекти за придонес за добробит во заедницата. Преку програмата, во ЦКРСМ – ОО Карпош се опфатени 38 ученици на македонски јазик и 28 ученици на албански јазик од 4 средни и 3 основни училишта. Младинците се групирани во 8 групи кои започнаа да реализираат 8 проекти.
Во продолжение го претставуваме проектот на учениците од ООУ „Петар Поп Арсов“:
- Проект за подобрување на условите за рекреација на старите лица – корисници во Домот за стари лица
- вклучени 7 младинци од 9 одделение
- реализирани 3 состаноци на Тимот на проектот
- собрани околу 30.000,00 денари
- посетен е Домот за стари лица и утврдена е потребата на корисниците
- планирани идни активности: средба со домашни миленици, хуманитарен марш на планина, собирна акција во Градски парк
