април 7, 2025

МЛАДИ ВО АКЦИЈА

Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во периодот јануари – мај 2025 година активно се вклучува во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која од целата земја околу 1200 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработуваат мали проекти за придонес за добробит во заедницата. Преку програмата, во ЦКРСМ – ОО Карпош се опфатени 38 ученици на македонски јазик и 28 ученици на албански јазик од 4 средни и 3 основни училишта. Младинците се групирани во 8 групи кои започнаа да реализираат 8 проекти.

Во продолжение го претставуваме проектот на учениците од СУГС „Здравко Цветковски“:

  • Проект за подобрување на социјализацијата на деца и малди со попреченост и потешкотии во учењето
  • вклучени 6 младинци од прва година
  • реализирани 3 состаноци на Тимот на проектот
  • реализирани 3 собирни акции во Градскиот парк и маркетот „Веро“ – Тафталиџе
  • собрани околу 30.000,00 денари
  • планирани идни активности: хуманитарен концерт, собирни акции на фреквентни јавни локации
< врати се назад