април 3, 2025

Маскенбал за целната група на проектот „Хуманко“

Во рамки на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош на ден 01 април 2025 година по повод Денот на шегата, беше реализирана тричасовна активност – МАСКЕНБАЛ наменета за целната група на проектот – деца и млади со попреченост, потешкотии во учењето, од семејства во социјален ризик и со типичен развој.

За време на активноста, учесниците имаа можност да се маскираат во омилените ликови од цртаните, филмовите, идните професии и занаети применувајќи ја својата имагинација и креативност. Активноста беше средба на која секој беше некој друг со својата маска и соодветно однесување/улога според неа.

Активноста беше реализирана во објектот на ЦКРСМ-ОО Карпош и на истата беа присутни 32 деца и млади од целната група и волонтери од Клубот на млади.

< врати се назад