септември 3, 2025

ЛЕТЕН КАМП „СИТЕ СМЕ ИСТИ 6“ – 2025

Клубот на млади на ЦКРСМ – Општинска организација Карпош по шести пат го реализираше Летниот камп „СИТЕ СМЕ ИСТИ 6“ како дел од активностите на проектот ХУМАНКО, проект чија цел е подобрување на социјализацијата, поддршка во учењето, превентивна едукација и намалување на социјалната ранливост на деца и млади целна група меѓу кои деца и млади со попреченост, со потешкотии во учењето, од еднородителски семејства, од социјално-загрозени семејства и со типичен развој.

Кампот беше реализиран од 9 до 16 август 2025 година во автокампот „Љубаништа“ – Охрид на кој учествуваа вкупно 49 лица од кои 26 деца и млади од целната група и 23 волонтери од Клубот на млади и Клубот на родители. Учесниците беа сместени во камп населба од 18 шатори. Кампот беше планиран и подготвуван во период од два месеци. Во процесот за спроведување на кампот беа вклучени 39 волонтери кои остварија вкупно 3148 волонтерски часа.

Кампот „СИТЕ СМЕ ИСТИ 6“ низ бројки:

  • 8 дневен летен камп + 4 дена за поставување и собирање
  • вклучени 49 учесници меѓу кои 26 деца и млади – корисници и 23 волонтери од Клуб на млади и од Клубот на родители
  • за подготовка и реализација на кампот вклучени 39 волонтери со остварени 3149 волонтерски часа
  • поставена шаторска населба со 18 шатори
  • реализирани 20 забавни и едукативни активности со корисниците
  • поддршка од над 50 донатори и поддржувачи

Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош изразува особена благодарност до сите донатори и поддржувачи на летниот камп:

  • Од Скопје: „Фер Пром“, „Саманта“, „Сара Фешн“, „АВТ Интернационал“, „АС-Интернационал“, „Рудине“, „Раде 2003“, „Фрос Фуд“, „Унија Пак“, „Сарантис“, „Гала Фарм“, „СМД Солутионс“, „Супер 5-ка“, „УКА – комерц“, „ЈУС-МБ“, „Виталиа“, „ДС-Смитх“, „Прима текс“, „Алма–М“, „Жито Лукс“, „Лакталис“, „Ависо“, „Агро Гурмеш“, „Специјал“ Специјал, „Титан-ЛС“, „Бисер Пром“, М.Довлева
  • од другите градови: Автокамп „Љубаништа“ – Охрид, „Андреј Компани“ – Штип, „Ал-макс“ – Струмицa, „САЛ-МАК МБ“ – Неготино, „Кватро“ – Куманово, „Еуро фарм“ – Битола, „Макси ЛС“ – Тетово, „Везе шари“ – Тетово, „Цермат“ – Битола, „Бучен Козјак“ – Куманово, „Карнем“ – Гостивар, „Интеркафе“ – Гостивар, „Балко-пром“ – Струга, „Рес-ком“ – Ресен, „Леона“ – Свети Николе, „Мирана“ – Велес, „Даниво“ – Кочани, Брод „Александрија“ – Охрид, „Галеб“ АД Охрид, Ресторан „Валентино“ – Охрид, „Летница“ – Охрид, „Битолска млекара“ АД – Битола, „Антеп баклава“ – Охрид, „Мариели кејкс“ – Охрид, Фотостудио „Астра“ – Охрид.

Волонтерите од тимот за имплементација на Летниот камп „Сите сме исти 6“, можеби многу не го сменија животот некому, но овозможија 26 деца и млади да научат што значи хуманост, еднаквост, прифатеност, поддршка, емпатија. Волонтерите научија и осознаа кои се придобивките кога нешто правиш од љубов и единствена цел ти е нечија насмевка, додека учесниците можеа да видат дека постои и друга страна освен сивото секојдневие, дека постои средина каде сите се прифатени, дека постои средина каде никој не ја врти главата настрана кога не му се допаѓа другарчето, дека за проблемите се разговара, дека хигиената е најважна, дека со 3 оброци на ден на стомачето му е убаво, дека секој може да згреши и секој има право да се смее, да се дружи, да се забавува, да пее и да игра.

< врати се назад