
април 22, 2025
КВИЗ за проверка на знаењата од крводарителство
Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош по повод одбележувањето на Денот на крводарителството во РСМ организираше и спроведе Квиз за проверка на знаењето од областа на крводарителство за членовите и волонтерите во Клубот.
Квизот беше реализиран на 22 март 2025 година преку онлајн квиз прашалник составен од 20 прашања од областа на крводарителството кои беше потребно да бидат точно и брзо одговорени.
Најбрзите тројца со најмногу точни одговори беа волонтерите:
- Александар Анастасов,
- Зоки Недељковиќ и
- Данка Јефтимова
На победниците им се доделени симболични награди – специјално подготвени дизајнирани чаши, чиј дизајн беше подготвен од волонтер од Клубот на млади.