
март 26, 2025
Крводарителски акции за млади
Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 18 и 19 март 2025 година организираше и спроведе крводарителски акции во две средни училишта.
Акциите се реализираа во СУГС „Георги Димитров“ и СУГС „Здравко Цветковски“ на кои крв даруваа 59 лица – ученици и вработени од училиштата. Во спроведувањето на акциите поддршка дадоа и волонтерите од Клубот на млади на ЦКРСМ – ОО Карпош.

