декември 10, 2025

Крводарителски акции со студентите од Кампусот факултети – Карпош

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 02 и 03 декември 2025 година реализираа две крводарителски акции за студентска популација.

На акциите кои се одржаа во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии крв даруваа 62 млади лица-студенти од Факултетот за информатички науки и компјутерско инжењерство, Факултетот за електротехника и информациски технологии, Технолошко-металуршкиот факултет и Машинскиот факултет во Скопје.

< врати се назад