декември 10, 2025

Крводарителски акции со специјалните единици на МВР

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 5 декември 2025 година реализира крводарителска акција во Полицискиот центар на Министертвото за внатрешени работи на РСМ во Ѓорче Петров -Скопје.

На акцијата која се одржа во периодот од 09:00-15:00 часот крв даруваа 46 припадници на Министертвото за внатрешни работи од Единицата за брзо распоредување и Единицата за интервентна полиција на Министертвото за внатрешни работи.

< врати се назад