
октомври 18, 2021
Kрводарителски акции со средношколска младина
Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина реализира крводарителски акции во средните училишта ,,Здравко Цветковски” и ,,Георги Димитров” во Скопје.
Со почитување на заштитните мерки за превенција на коронавирусот – КОВИД 19, на двете акции кои се одржаа на 14 октомври 2021 година во периодот од 09:00 до 14:00 часот, крв даруваа вкупно 40 ученици..
На крводарителските акции во овие две училишта, им претходеа 3 врснички мотивациони едукации за 60 ученици од IV-та година со цел промовирање и унапредување на крводарителството и мотивирање и регрутирање на млади крводарители.




































