декември 30, 2025

Крводарителска акција за студенти

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Студентскиот дом „Гоце Делчев“ реализираа дополнителна крводарителска акција за млади во просториите на домот.

Акцијата се одржа на 16.12.2025г. од 13 до 16:30 часот и истата ја посетија 19 студенти и вработени во домот од кои 9 успешно даруваа крв. На оваа акција, во месец ноември 2025 година претходеше друга на која успешно даруваа 23 дарители.

< врати се назад