
мај 26, 2026
Крводарителска акција за млади
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, на 22.04.2026 година реализираше крводарителска акција во СУГС „Никола Карев“. Акцијата се реализираше во духот на хуманоста и солидарноста, при што 78 ученици и вработени ја посетија акцијата и ја покажаа својата општествена одговорност.
Од вкупниот број посетители, 54 лица успешно даруваа крв и дадоа значаен придонес во спасувањето човечки животи и обезбедувањето на потребните резерви на крв. Упатуваме благодарност до сите крводарители за нивната хуманост, како и до училиштето за поддршката и соработката во реализацијата на оваа значајна активност.






































