февруари 14, 2026

Крводарителска акција за млади

Црвен крст на РСМ – Општинска организција Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 13 февруари 2026 година реализираа крводарителска акција наменета за млади крводарители.

Акција се одржа од 13 до 18 часот и истата ја посетија 33 лица, од кои 28 даруваа крв и го дадоа највредниот подарок кој еден човек може да го даде на друг човек.

< врати се назад