мај 15, 2025

Крводарителска акција за млади

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 29 април 2025 година организираше и спроведе крводарителска акција за млади.

Акцијата се реализира во СУГС „Кочо Рацин“ од 10:00 до 12:30 часот на која крв даруваа 11 лица – ученици и вработени од училиштето.

Во спроведувањето на акцијата поддршка дадоа и волонтерите од Клубот на млади на ЦКРСМ – ОО Карпош.

< врати се назад