
мај 15, 2025
Крводарителска акција за млади
Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 28 април 2025 година организираше и спроведе крводарителска акција за млади.
Акцијата се реализира во СУГС „Лазар Танев“ од 09:00 до 13:00 часот на која крв даруваа 15 лица – ученици и вработени од училиштето.
Во спроведувањето на акцијата поддршка дадоа и волонтерите од Клубот на млади на ЦКРСМ – ОО Карпош.
