
април 3, 2025
Крводарителска акција за млади
Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 27 март 2025 година организираше и спроведе крводарителска акција за млади.
Акцијата се реализира во СУГС „Орце Николов“ од 10:30 до 14:30 часот на која крв даруваа 38 лица – ученици и вработени од училиштето.
Во спроведувањето на акцијата поддршка дадоа и волонтерите од Клубот на млади на ЦКРСМ – ОО Карпош.

