декември 25, 2025

Крводарителска акција во СУГС „Никола Карев“

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и СУГС „Никола Карев“ организираше крводарителска акција.

Акцијата се одржа на 04.12.2025г. од 13 до 17 часот и истата ја посетија повеќе од 39 ученици и вработени од училиштето од кои 34 даруваа крв.

На крводарителската акција и претходеа 2 врснички едукации наменети за 58 ученици од трета и од четврта година со цел споделување информации од областа на крводарителството и процесот за дарување на крв.

< врати се назад