
декември 30, 2025
Крводарителска акција во ПЗУ „АЗУРА“
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и ПЗУ „АЗУРА“, организираа крводарителска акција за граѓанството од населба Даме Груев во просториите на ПЗУ „АЗУРА“.
Акцијата се одржа на 20 декември 2025 година во периодот од 10 до 15 часот и истата ја посетија над 20 граѓани од кои 13 успешно даруваа крв.
За време на крводарителската акција беа поделени 15 благодарници за 5, 10 и 25 дарувања на повеќекратни крводарители кои даруваат крв на акцијата.




































