октомври 27, 2026

Крводарителска акција во ПС Карпош

Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Полициските станици Карпош и Ѓорче Петров на 16.10.2026г. реализираше крводарителска акција.

На акцијата која се одржа во просториите на ПС Карпош во периодот од 09:00 – 13:00 часот крв даруваа и својата хуманост на дело ја покажаа 10 вработени.

< врати се назад