февруари 13, 2025

Крводарителска акција во Полициска станица Карпош

Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка Институтот за трансфузиона медицина и Полициската станица Карпош на 14 јануари 2025 година реализираше крводарителска акција.

На акцијата која се одржа во просториите на ПС Карпош во периодот од 10:00 – 14:00 часот крв даруваа и својата хуманост на дело ја покажаа 14 вработени.

< врати се назад