мај 26, 2026

Крводарителска акција во Општина Карпош

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош, во соработка со Општина Карпош и Институтот за трансфузиона медицина, на 28.04.2026 година спроведе крводарителска акција во просториите на Општина Карпош, во периодот од 09:00 до 17:00 часот. Акцијата беше посетена од повеќе од 140 граѓани, вработени од општинската администрација, училиштата и детските градинки, кои ја покажаа својата хуманост и солидарност.

На крводарителската акција беа реализирани 110 крводарувања, со што беше даден значаен придонес во обезбедувањето на потребните резерви на крв и спасувањето човечки животи. Упатуваме искрена благодарност до сите крводарители за нивната општествена одговорност и подготвеност да помогнат.

< врати се назад