
мај 26, 2026
Крводарителска акција во компанијата „Реплек“
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и компанијата „Реплек“, организираше крводарителска акција за вработените во компанијата. Акцијата беше реализирана во пријатна и хумана атмосфера, при што 82 вработени ја посетија акцијата и ја покажаа својата солидарност и општествена одговорност.
На акцијата беа реализирани 62 крводарувања, што претставува значаен придонес во обезбедувањето на потребните резерви на крв и спасувањето човечки животи. Со оваа активност, вработените и менаџментот на компанијата „Реплек“ уште еднаш ја потврдија својата хуманост и подготвеност да помогнат. Упатуваме благодарност до сите крводарители и до компанијата за поддршката и успешната соработка.






































