
февруари 28, 2025
КРВОДАРИТЕЛСКA АКЦИJA ВО ЈСП – Автобаза Ѓорче Петров
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина организираше крводарителска акција за вработените во Автобазата Ѓорче Петров на Јавното сообраќајно претпријатие „СКОПЈЕ“. Акцијата се одржа на 27 февруари 2025 година од 9 до 14 часот. На акцијата, крв даруваа вкупно 21 вработен. Во реализацијата на акцијата поддршка дадоа и волонтерите од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош.
