
април 25, 2025
Крводарителска акција во ЕБР – Полициски центар Ѓорче Петров
Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка Институтот за трансфузиона медицина и Единицата за брзо распоредување при МВР на 07 април 2025 година реализираше крводарителска акција.
На акцијата која се одржа во просториите на Полицискиот центар Ѓорче Петров во периодот од 09:00 – 13:00 часот крв даруваа и својата хуманост на дело ја покажаа 14 вработени.
