април 6, 2026

Крводарителска акција во Драмски театар

По повод 27 март – Светскиот ден на театарот, Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузионан медицина и Драмскиот театар Скопје, реализираа крводарителска акција.
Во текот на акцијата која се одржа под мотото мотото „Дарувај крв – одиграј ја најхуманата улога!“ учество земаа голем број граѓани, вработени во театарот, како и љубители на уметноста и хуманоста. Вкупно 44 крводарители даруваа крв, со што уште еднаш се потврди високото ниво на солидарност и општествена одговорност.

< врати се назад