
декември 25, 2025
Крводарителска акција во Алкалоид АД Скопје
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош и Црвен крст на РСМ – Општинска организација Гази Баба во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и компанијата „Алкалоид“ АД Скопје на 10 декември 2025 година организираа заедничка крводарителска акција.
На акцијата која се спроведе во објектот Алкалоид ЛАФОМА во Ѓорче Петров во периодот од 08 до 16 часот крв даруваа 170 вработени од компанијата.




































