
ноември 15, 2025
Крводарителска акција со Ротари клуб – Скопје Исток
Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош во соработка со Ротари клуб Скопје Исток и Институтот за трансфузиона медицина на 15 ноември 2025 година реализира крводарителска акција.
На акцијата која се спроведе во просториите на Општинската организација Карпош во периодот од 11:00 до 16:00 часот крв даруваа 31 лице меѓу кои и членови на Ротари клубот.




































