јануари 31, 2025
Крводарителска акција на Матка
Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Македонската Православна Црква – Скопска епархија, а по повод верскиот празник „Успение на Пресвета Богородина“ по 19-ти пат успешно ја реализираше традиционалната крводарителска акција во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Долна Матка, Скопје.
На дводневната крводарителска акција која се оддржа на 27 август 2024 година, од 18:00 до 24:00 часот, и на 28 август, од 10:00 до 15:00 часот, својата хуманост преку дарување на крв ја потврдија 143 лица.
