
ноември 30, 2022
Крводарителска акција во Жан Митрев Клиник
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка Институтот за трансфузиона медицина и Жан Митрев Клиник на 29 ноември 2022 година реализираше крводарителска акција.
На акцијата која се одржа во просториите на Жан Митрев Клиник во перидот од 09:00 до 14:00 часот, крв даруваа 29 вработени.
За време на акцијата беше присутен тим од ЦКРСМ-ОО Карпош со цел редовно евидентирање на крводарителите. За време на акцијата се почитуваа мерките за превенција од коронавирусот Ковид 19.




































