
декември 27, 2022
Крводарителска акција во ПЗУ АЗУРА
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина организираше крводарителска акција за граѓанството од населба Даме Груев во Приватната здравствена установа „АЗУРА“. Акцијата се одржа на 24 декември 2022 година од 9 до 14 часот. На акцијата, крв даруваа вкупно 23 граѓани. Во реализацијата на акцијата поддршка дадоа и волонтерите од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош.




































