
февруари 29, 2024
Крводарителска акција во Клиничка болница Аџибадем Систина – Скопје
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Клиничка болница „Аџибадем Систина“ – Скопје и Институтот за трансфузиона медицина на 27 и 28 февруари 2023 годинаа реализира две крводарителски акции.
На двете акции кои се спроведоа во просториите на болницата крв даруваа вкупно 189 вработени – медицински, технички и помошен персонал и претставници од менаџментот на болницата, а меѓу нив и повеќе крводарители со над 20 дарувања.
Првата крводарителска акција во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше организирана во 2010 година и оттогаш во континуитет се одржуваат по неколку крводарителски акции годишно.