
февруари 28, 2024
Крводарителска акција во ЈСП Скопје – Автобаза Ѓорче Петров
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина организираше крводарителска акција за вработените во Автобазата Ѓорче Петров на Јавното сообраќајно претпријатие „СКОПЈЕ“. Акцијата се одржа на 22 февруари 2024 година од 9 до 14 часот. На акцијата, крв даруваа вкупно 25 вработени. Во реализацијата на акцијата поддршка дадоа и волонтерите од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош.