декември 21, 2022

Крводарителска акција во Единицата за брзо распоредување на МВР

Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Единицата за брзо распоредување при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи и Институтот за трансфузиона медицина на 19 декември 2022 година реализираа доброволна крводарителска акција.

На акцијата која се одржа во просториите на Полицискиот центар Ѓорче Петров во периодот од 09:00-14:00 часот крв даруваа и својата хуманост на дело ја покажаа 40 припадници на единицата.

< врати се назад