
ноември 17, 2020
Крводарителска акција во ДХО „Даре Џамбаз“
По повод одбележувањето Денот на ослободувањето на градот Скопје, на 13 ноември, традиционално во пунктот за дарување на крв во ДХО „Даре Џамбаз“ се реализира крводарителска акција. Акцијата беше реализирана преку заедничка соработка на Црвениот крст на РСМ-Општинска организација Карпош и Институтот за трансфузиона медицина.
Акцијата се спроведе од 08:00 до 16:00 часот и на истата крв даруваа 27 граѓани. За време на акцијата беа превземени заштитни превентивни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот Ковид 19.