декември 16, 2022

Крводарителска акција во „АЛКАЛОИД“ – Скопје

Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош и Гази Баба, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и компанијата „Алкалоид“ на 14 декември 2022 година спроведоа масовна крводарителска акција под мотото “Дарувај крв, спаси живот”. На акцијата која се одржа во просторот на Центарот за едукација и обуки во „Алкалоид“ -Скопје, крв даруваа 140 вработени од компанијата. Меѓу вработените кои даруваа крв имаше и вистински рекордери со повеќе од 30 крводарувања, но многубројни беа и вработени од помладата генерација кои за прв пат даруваа крв. Крводарителските акции, како дел од многуте корпоративни активности за општествена одговорност на компаниите имаат огромна важност токму поради чинот на хуманост и човечка солидарност.

< врати се назад