февруари 20, 2023

Крводарителска акција со Полициски синдикат

Во соработка помеѓу Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош, Институтот за трансфузиона медицина и Полицискиот синдикат на 18 февруари 2023 година се одржа крводарителска акција во СЦ „Борис Трајковски“. Акцијата е организирана во рамки на Меморијалниот турнир на Советот при Македонскиот полициски синдикат.

На акцијата која се одржа од 10 до 14 часот крв даруваа 16 припадници на полицијата. Поддршка во акцијата дадоа и волонтери од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош.

< врати се назад