
април 2, 2025
Креативна работилница по повод 8-ми март – Денот на жената
Во рамки на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош на ден 08 март 2025 година беше реализирана тричасовна креативна работилница наменета за целната група на проектот – деца и млади со попреченост, потешкотии во учењето, од семејства во социјален ризик и со типичен развој.
За време на средбата, учесниците имаа можност да читаат, пишуваат, цртаат, сечат, лепат, а со тоа да креираат свои дела – честитки по повод Денот на жената – 8-ми март.
Активноста беше реализирана во објектот на ЦКРСМ-ОО Карпош и на истата беа присутни 20 деца и млади од целната група и волонтери од Клубот на млади.
