
Конститутивно-изборна седница на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош 2026–2030
На 15 мај 2026 година, во салата на новата зграда на Општина Карпош, Собранието на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош ја одржа конститутивно-изборната седница за мандатниот период 2026–2030 година. На седницата им беше верификуван мандатот на 23 претставници избрани и предложени од основните организации на Црвен крст во локалните самоуправи, воспитно-образовните институции, здравствените установи, јавните претпријатија, приватните компании и од Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош.
Воедно, беа избрани носителите на функциите и претставниците во повисоките органи на Црвениот крст, а за претседател на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош мандатот ѝ беше доверен на Билјана Костова, претставник од Основната организација на Црвен крст во СУГС „Никола Карев“. Упатуваме искрени честитки до сите избрани претставници и им посакуваме успешен мандат исполнет со хуманост, одговорност и посветена работа во интерес на заедницата. Воедно, изразуваме искрена благодарност до Општина Карпош за поддршката и отстапениот простор, што придонесе за успешно реализирање на седницата.






































