
Клуб на Црвен крст во СУГС „Георги Димитров“
Во рамки на заложбите за поттикнување на хуманите вредности, волонтерството и општествената одговорност кај младите, во периодот октомври-декември 2025 година во Средното училиште „Георги Димитров“ – Скопје се формира Клуб на Црвен крст во кој се вклучени 25 ученици од прва до четврта година.
Активностите на клубот, координирани од наставници од училиштето, ќе им овозможуваат на учениците да стекнат знаења и вештини од областа на првата помош, здравствената едукација и волонтерската работа и ќе придонесат за развој на личноста на учениците, зајакнувајќи ги нивните комуникациски, организациски и лидерски способности и тимската работа. На овој начин, клубот на Црвен крст создаваа млади луѓе подготвени да бидат активни и одговорни граѓани во општеството.




































