
октомври 21, 2026
Јавно едукативно предавање за Црвениот крст и првата помош во „The Nest“
На 9 октомври, во рамки на Неделата на млади во кафулето „The Nest“, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош реализираше јавно едукативно предавање за прва помош, наменето за деца на возраст од 5 до 10 години.
Преку едукативен и интерактивен пристап, децата имаа можност да се запознаат со:
- основите информации за Црвениот крст и неговите дејностите
- основите на првата помош и важноста на навременото реагирање во ситуации кога некој има потреба од помош
Во кафулето беше поставена и мини изложба на тема прва помош.
Благодарност до The Nest за соработката.















































